„Ворнер Брос“ објави доцна во четвртокот дека го одложува премиерното прикажување на научнофантастичниот трилер „Тенет“ во режија на Кристофер Нолан за 12 август, датум за кој студиото вели дека ќе им даде поголема флексибилност да го донесат филмот во киносалите и покрај неизвесноста предизвикана од напливот на случаи на коронавирус во одредени држави.
Научнофантастичниот трилер во кој играат Џон Дејвид Вашингтон и Роберт Патинсон, наместо на 31 јули, ќе почне да се прикажува на 12 август.
Во изјавата, цитирана од „АП“, студиото ја истакнува потребата за флексибилност.