Силјановска Давкова: Младите од Кисела Вода силно посакуваат Обнова на Македонија

На средбата со младите луѓе од Општина Кисела Вода, носителот на Изборната единица 1 проф. д-р Гордана Силјановска Давкова истакна дека младите се потенцијалот и силата врз која треба да се темели државата во иднина.

Таа им посочи на младите дека нивната приказна е најважната приказна, дека нивната приказна говори за обновување на образовната инфраструктура, изградба на нови училишта, обновени факултети, институти, библиотеки, задолжително изучување на македонскиот јазик на универзитетите и посебност на Институтот “Блаже Коневски” со задолжителни лектори професори по македонски јазик на секој факултет.

Професорката Силјановска додаде дека во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ се предвидени ваучери за младите за културни и спортски настани, компјутерска едукација и уште многу образовни надградби.

Носителот на ИЕ1 Силјановска беше децидна во ставот дека младите сакаат конкурентна држава, независна администрација која ќе се основа на конкурс без двојни аршини, за можност да имаат најдобрите и најкомпетентните, без разлика од која политичка партија доаѓаат или каква етничка припадност имаат.

Не смее етничката припадност да биде предност или маана при избирањето на кадрите во сите институции, туку квалитетот и научниот степен.

Силјановска Давкова се обврза на исполнување на сите проекти за млади од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ со цел подобрување на стандардот на младите во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави