На 26.06.2020 во 02,00 часот во Полициската станица Пробиштип, 43 годишна жена од Пробиштип пријавила дека околу 1 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип била физички нападната од Ј.Ј.(35) од Пробиштип, кој се обидел да изврши и обљуба врз неа.
Ј.Ј. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Пробиштип. Се работи на расчистување на случајот.