Парот изминатите месеци ги поминува заедно во карантин.
Не е често да се добие информација од прва рака за тоа како е во врската помеѓу глумецот Леонардо Ди Каприо и неговата 23 години помлада девојка Камил Морон.
Тоа му појде од рака на порталот People кој објави информации од извор близок на парот.
“Тој обично е многу независен и поголемиот дел од времето го поминува со своите пријатели. Поради карантинот, сега во најголем дел е со Камил и сака да биде со неа”, вели еден извор.
Друг додава: “Многу се блиски, Лео поминува 24 часа дневно, 7 дена неделно со неа во својата куќа веќе неколку месеци.”
Се чини дека на омилениот глумец, кој освен по своите филмски успеси е познат и по енормните напори кои ги вложува во зачувиувањето на околината, во љубовта му цветаат рози.