(Видео) Караванот на Македонски концепт ги посети општините од втората изборна единица

Предизборниот караван на Македонски концепт вчера ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово.

Изјава дадоа Петар Богојески кој е носител во изборната единица 1 и носителката за втората изборна единица Снежана Костадиноска-Милошеска.

Во Ѓорче Петров, Богојески нагласи дека за жителите од општината најважни би биле два проекта од нивната програма – проектот за обесштетување на граѓани и проектот за потекло на имот на политичари.

Ѓорче Петров е општина во која неколку политичари преку ноќ се збогатија и од пекари станаа милионери“, посочи претставникот на Македонски концепт.

Пред кумановци Богојевски нагласи дека е време сите сили да се вложат во насока на тоа да престане масовното исселување од Куманово и од сите градови од Македонија.

„Поддршката за бројот 10 на избирачкото ливче е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава“, рече тој на настанот.

Треба да знаете
Последни објави