Вучиќ не ја исклучува можност да се вратат рестриктивните мерките во борбата со коронавирусот

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, е во посета на Брисел од каде што порача дека граѓаните на Србија мора да бидат поодговорни и дисциплинирани кога станува збор за заштитата од коронавирусот.

Тој посочи дека не ја исклучува можноста од воведување мерки, доколку има голема недисциплина.

Во изјава пред новинарите за моменталната состојба со ширењето на вирусот, откако во Србија последниве денoви се регистрирани над 100 случаи, Вучиќ рече дека граѓаните мора да бидат посериозни и дисциплинирани, особено во Белград, иако, како што кажа, вирусот во моментов не е нешто трагичен, освен за стари лица и оние со други болести, затоа што 95% од младите лесно го надминуваат.

„Ако не сме повеќе дисциплинирани, ќе инсистираме на воведување мерки“, нагласи Вучиќ, додавајќи дека ќе почека уште некој ден за да види дали ќе се сменат однесувањето и податоците за бројот на заразени и да се процени дали да се преземат мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето.

Треба да знаете
Последни објави