Демократската Унија за Интеграција остро го осудува постапувањето пресметано врз дневнa политичка цел, освета и во функција на Парламентарните избори, на министерот за Здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за Јавно Здравје во Скопје, Арбен Зибери.
-Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против CoVid-19 и загрозува илјадници граѓани. Кандидатурата на Насер Зибери за прв Премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти кои не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните. Овој недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда е порака за сите Албанци, за целата Албанска дијаспора и сите други граѓани. Ова постапување е неприфатливо бидејќи е мотивирано против семејството на Албанскиот кандидат за Премиер, затоа казната за овие антиалбански постапки ќе се даде на 15 јули од граѓаните на ова земја, велат од ДУИ.