Критиките кои се упатен на адресата од првиот светски тениски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ, кој сакаше на Балканот на љубителите на „белиот спорт“ да им донесе дел од големите ѕвезди да ги видат во живо со организирање на турнир „Адрија Тур“ кој во времето на пандемија со корона вирусот требаше да се играат во Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора, не престануваат. По првиот одгиран турнир во Белград и недовршениот во Задар поради позитивни тенисери и луѓе од нивните стручни штабови на коронавирусот, турнирот беше прекинат, а Ѓоковиќ кој и самиот се инфицирал од вирусот деновиве е ставен како мета за отстрел.
Светски медиуми и тенисери, експерти за овој спорт го осудија и осудуваат потегот на српскиот тенисер и неговите колеги кои прифатија да играта на турнирот. На ред да критикува дојде и поранешниот четврти светски тениски рекет Николас Кифер.
-Секој со здрав разум не би организирал турнир среде пандемија. И згора на тоа со присуство на навивачи. Однесувањето на сите учесници е за осуда. Не само на Ѓоковиќ, кој како прв светски рекет треба да е пример за останатите. Ако се погледне дека Троицки ја донесе бремената сопруга, тогаш нема што повеќе да се каже што се случувало таму. Мора да се запрашаме дали спортот и тенисот се потребни во вакви моменти. Животите на луѓето се поважни од удирање на топче…“, вели Германецот.