Нејмар со три натпревари може да стане најдобар во светот

Поранешниот бразилски фудбалски интернационалец Кака смета дека неговиот сонародник Нејмар е на работ да биде прогласен за најдобар играч на планетата.

По напуштањето на Барселона за Пари Сен Жермен, Неј Џуниор е почесто повреден или се вклучува во скандали, отколку да се развива.

Според Кака, сепак, триумфот во Лигата на шампионите би променил сè.

Французите се во четвртфиналето и поради новиот формат на турнирот им требаат само три последователни успеси за да го подигнат трофејот.

– Успехот во Лигата на шампионите ќе биде клучен за Нејмар. Нема сомнение дека со овој трофеј ќе стане бр.1 во светот. Нема друг фудбалер кој има подобри шанси од него, рече Кака за „Глобоспорте”.

Најпрестижниот клупски турнир ќе биде комплетиран во август во Португалија.

Треба да знаете
Последни објави