Рускиот режисер Кирил Серебреников прогласен за виновен за проневера

Судот во Москва го прогласи познатиот руски филмски и театарски режисер Кирил Серебреников за виновен за проневера, јавуваат руските државни медиуми.

Педесетгодишниот Серебреников беше приведен во притвор пред три години и беше прогласен за виновен поради учество во проневера на околу 2 милиони американски долари државни средства за финансирање за културата. Тој ги негира обвинувањата и тврди дека е невин.

Неколку стотици луѓе се собраа пред судницата во моментот на изрекувањето на казната. Кога влегол во салата, режисерот беше пречекан со аплауз од поддржувачите, од кои некои носеа маици со слоганот „Слобода на Кирил!“.

Во своето последно обраќање, Серебреников ја повтори својата невиност. Обвинителите бараат шест години затвор за него, а конечната казна ќе се знае подоцна во петок.

Советниците на режисерот, Јури Итин и Алексеј Малобродски исто така беа прогласени за виновни.

Треба да знаете
Последни објави