Тијана Дапчевиќ објави фотографија од плажа со која испраќа силна порака до сите жени да бидат самоуверени, природни и свои и да го живеат животот без филтери. Таа ужива на плажа во Грција.
„Јас на море. Сега мојата мајка би рекла: „Тијана не можеш да ја почнеш реченицата со ЈАС, а ЈАС би ѝ кажала да можам и можам да се сликам со голи нозе и со целиот целулит затоа што е МОЈ и нема да филтрирам, бидејќи секоја бразда на моето тело е МОЈА и секоја има своја приказна на која сум горда или како што би кажала една моја пријателка САКАЈ СЕ СЕБЕ И НЕКА ТОА СЕБЕ ТЕ САКА ТЕБЕ.“
https://www.instagram.com/p/CB5cLq1hv1q/
Преземено од crnobelo.com