Сите вработени во брзата помош заслужуваат огромни пофалби за нивната макотрпна секојдневна работа, особено во овој период кога се соочуваме со коронавирусот. Тие, како што веќе најавивме ќе добијат соодветна награда за нивната работа – зголемување на примањата. Тие се врвни професионалци и се еден од столбовите на нашиот здравствен систем, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
-Капацитетот на Службата за итна медицинска помош во Скопје го зголемивме за 150%. Од 7, сега има близу 20 функционални возила, а околу 9 екипи се цело време активни на терен. При денешната посета во Поликлиниката Букурешт разговаравме со вработените за предизвиците со кои се соочуваат при транспортот на пациенти, а пред сѐ со пациентите кои се дијагностицирани со вирусот Ковид-19, вели Филипче.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2423258344647851?__xts__%5B0%5D=68.ARB4fHNsJ22QQoRS0USY62BKhcYO5EII4gk-xUJkM23TYvH4afggF5Ez6Yi0yWIobzpxBb8xWteIV9kAqN2OMtTZC8hImIAx0jA9Mv0JccbmJ27q0cH3zTSNRyZo-vlZzaLfSSgSd0l8U5U2Ut9vcxpk7YrmxTSJI_4_WZTmo0MqRTajtI-AauP2YdxyJfRYmRLZCRy3-2hgwSM8Y9oodjyviwEbS80Vk_xNniGM9MTcfWF5NUAyrv_o7hNMGJfUuWm5jlUHizzjHJXKk0SQeW_snxdh687k_WsqVloUxR81kHdNUr1SZPi92VH5ah4SYcc9mGDCwKFFCVFITTJjJaBPGLaq&__tn__=-R