Чејку апелира да се избегне натамошното политизирање на случајот „Тачи-Весели”

И покрај силниот удар што Специјалното обвинителство со седиште во Хаг им го зададе на двете главни фигури на ОВК и на државата Косово, поранешниот албански амбасадор во Косово и во Македонија, Арбен Чејку, апелира да се избегне понатамошно политизирање на ова прашање, пренесува Ора њуз.

-Политизацијата на оваа состојба мора да биде запрена, не смееме да преминеме во позиција на жртви. Се работи за соочување со обвиненија, а не за конечни пресуди или судења, смета Чејку.

За телевизјата тој вели дека нема ништо одлучувачко, туку само соочување со обвинувањата.

Според него доколку Косово направи чекор назад, овој суд ќе биде заменeт со суд на Обединетите нации „што би можело да биде многу пати поштетно за Косово”.

-Не верувам дека овој суд ќе се распадне, секој обид да се нападне овој суд ќе биде контрапродуктивен. Во овој суд беше раководството на Косово. Кадри Весели беше повикан од овој суд пред повеќе месеци, не беше изненадување поради се она што го артикулира судот во Хаг. Тоа е зрелост и одговорност на лидерите на Косово,кои поканети од судот таму се јавуваат со интегритетот што ги карактеризираше за време на војната и градењето на државата, исто како Рамуш Харадинај, кој два пати поднесе оставка за да се соочи со обвинувањата на овој суд. Ако Косово преземе чекори назад, овој суд ќе биде заменет со суд на Обединетите нации, што може да биде многупати поштетно за Косово,смета Чејку.

Ставот на американскиот Стејт департмент дека овој чекор на обвинителството во Хаг претставува напредок за правдата, Чејку потенцира дека САД не можат да преземат чекори наназад се додека го поддржуваат овој суд.

Добрата вест за Чејку е дека дијалогот меѓу Косово и Србија во Вашингтон бил откажан на време.

Специјалното обвинителство во Хаг поднесе предлог-обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот собрански спикер Кадри Весели,поради воени злосторства против човештвото,што предизвика нза реакции во Албанија.

Треба да знаете
Последни објави