Зибери: Прифатив да бидам кандидат за премиер оти беа уважени моите барања да бидам целосно независен

Идејата за премиер Албанец е последниот камен во мозаикот за да се оствари една определба на секој Албанец, дека во оваа држава е можно да се остварат сите аспирации, меѓу кои и политичките од највисок степен. Дури и да не станам премиер, нема да отстапам од евроатлантската ориентација на земјава, вели Насер Зибери, кој е предлог на ДУИ за премиер Албанец, во интервју за Слободен печат.

Според него, овој проект е одамна актуелен кај луѓето што го номинираза кандидат и нивните аргументи беа доволни за по 18 години се нафати за една многу сериозна и одговорна задача, за која се надева дека до крајот на изборите достоинствено ќе ја изврши.

-Морам да нагласам дека се нафатив и поради тоа што беа уважени моите барања да бидам целосно независен. Да се нагласи дека не сум член на партијата што ме номинира, дека причина да прифатам е тоа што сум лично убеден во оваа идеја, а не партиските интереси на оние што ме предлагаат. Сето тоа беше одобрено и поддржано, вели Зибери.

Тој не одоговара прецизно на прашањето која од двете најголеми партии би му била поприфатлива за коалицирање – СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека не отстапува од Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

– Поборник сум на политиката што не го храни етничкото его кај една нација или партија и секоја политика што го инструментализира овој чин за политички интереси за мене е неприфатлива. Второ, кооперативноста треба да се гради врз основа на принципи. Еден од нив е дека евроатлантската ориентација на земјата не треба да се доведе во прашање и инструментите што водат кон тоа не треба да бидат загрозени во ниеден момент. Конкретно – Преспанскиот и Договорот со Бугарија, зашто тоа се гаранции што ни ги отвораат вратите за да одиме напред. Овие принципи ќе ги бранам ако се преговара за создавање парламентарно мнозинство. Охридскиот рамковен договор е капитален за внатрешните односи и тој не смее да биде доведен во прашање. Нема цена што може да ме измести од овие постулати. Дури и да не станам премиер, вели Зибери.

Треба да знаете
Последни објави