Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артур, кој минува на лекарско испитување во Јувентус, не сака да ја заврши сезоната во каталонскиот клуб, пренесува „sport.es”.
Според шпанскиот портал, 23-годишниот Бразилец е незадоволен од клубот и тренерот Кике Сетиен.
Се очекува Артур да се пресели во Јувентус во замена за играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ, а Каталонците ќе платат дополнителни 10 милиони евра.
Оваа сезона Артур мина 27 натпревари за Барселона и постигна четири гола и четири асистенции.