ВМРО-ДПМНЕ: Заев, СДСМ и Спасовски единствено што можат е повеќе да лажат, да прават криминал, рекет и корупција

Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ ништо не сработија во овие три години. Наместо да спроведат тоа што го ветуваа во 2016 година, тие создадоа систем на криминал, корупција и рекет, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Нивните ветувања од 2016 година не ги реализираа, а сега веќе смислија нови манипулации.

Видовме дека парите наместо кај граѓаните завршија кај Вице и Зоран Заеви во форма на изрекетирани торби полни со милиони евра. Бидејќи не ги бива за работа, веруваме дека можат повеќе само да изрекетираат и да ја осиромашат Македонија.

Ова нема да помине народот виде дека ветувањето на Заев, Спасовски и СДСМ е само лага запишана на хартија. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази“ се вели во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави