Доктор Стојаноски: Само со чесни и работливи луѓе, без хипотеки, ќе профункционираат институциите

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 1, доктор Синиша Стојаноски, денеска пред ТЦ, Бисер во Аеродром порача дека само луѓе коишто се чесни, работливи и немаат хипотеки можат да ја вратат довербата на граѓаните во институциите.

-Суштината и целта на програмската определба на ВМРО-ДПМНЕ е да се врати довербата на граѓаните во институциите во сите три нивоа на власта, и во извршната, законодавната и во судската власт, рече Стојаноски.

Д-р Стојаноски смета дека време е да почнат да функционираат институциите и да профункционира правната држава.

-Како граѓанин должност ми е да кажам дека органите за јавниот ред и мир треба да се грижат за безбедноста, но и за здравјето на граѓаните, и во тек на предизборната кампања и за самиот ден на изборите.

Треба да знаете
Последни објави