Во Чешка во последните 24 часа се потврдени 260 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување од 8 април.
Од почетокот на епидемијата се потврдени 11.306 случаи, 347 починале, додека 7.682 лица се излечиле.
Според податоците од чешкото Министерство за здравство има 3.277 активни случаи, а од почетокот на епидемијата се направени 543.409 тестови.
Ова драстично зголемување на бројот на новозаболени не ги загрижува чешките власти и епидемиолозите, бидејќи се резултат на масовно тестирање во неколку жаришта, пишуваат локалните медиуми.