Решавање на проблемите во Битола, отфрлање на корумпираните политичари, следење на имотната состојба на политичарите и поддршка на кандидатите на Македонски концепт кои со Законот за лустрација и потекло на имот, ќе придонесат за враќање на градот на битолчани, предизборниот карван на Македонски концепт им порача на граѓаните на Битола. Денеска караванот е во посета на градовите од петтата изборна единица, после Битола ќе бидат остварени средби до граѓаните на Охрид, Струга и Кичево.
Крајно време е да се направи нешто за да се смени состојбата во градот, а првиот чекор е со поддршка и заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче.
“Време е Битола и целиот југозападен регион да ја напуштат праксата на следење лажни патриоти и бандити во политиката и конечно да поддржат граѓански листи составени од граѓани кои носат вистински решенија за проблемите. Верувам дека граѓаните на Битола ќе бидат посебно среќни и задоволни доколку ние со наши пратеници во Парламентот го наметнеме законот за финансиска лустрација и потекло на имот на политичарите. Овој закон е предвиден за сите политичари, почнувајќи од мене и останатите политичари од Битола, кои како што се покажа досега се надалеку и нашироко познати по своето криминално поведение за што Битола е доведена во ваква ситуација”,изјави Петар Богојески, Промотор на Македонски концепт, во Битола.
При посетата на Битола на карванот на Македонски концепт, средби со граѓаните остарија покрај промоторот, Петар Богојески, уште и носителот на ИЕ 5 Стево Насковски како и кандидатите за пратеници. Насковски им порача на своите сограѓани дека поддршката за Македонски концепт е поддршка за Битола на граѓаните, за политичари со вредности и принципи кои ќе се борат за закони што се суштински за создавање нормална држава и град без корумпирани политичари и лажни патриоти.