Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и носител во Изборната единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на Берово каде што истакна дека во овие три години во Македонија владееше криминално рекетарска банда предводена од Заев кој единствено донесе живот само за неколкумина од врвот на власта и која владееше со уцени, криминал и закани.
Јанушев потенцираше дека како на централно ниво со истиот начин СДСМ со криминал и уцени владее на локално ниво во Берово, како што се заканите во Македонски шуми, но и со лаги како што ветуваа нов граничен премин Клепало, но не го остварија.
– Се обидоа да не скршат, да ни се заканат, видовте што и правела на Рашела Мизрахи, видовте како се однесуваа со Игор Дурловски, но исто така знаете и што му правеа на Димитаар Димовски и на Драган Ковачки. Но така само не мотивирате и не правите посилни од било кога, изјави Јанушев.
Тој додаде дека токму заради таквите закани, уцени и криминали после 15 јули сите што се огрешиле пред законите ќе одговараат и тоа во првите 6 месеци, а заедно со тоа ќе следи обнова на Македонија во секој сегмент.
– Заедно ќе ја исправиме Македонија и ќе одбереме обнова, поради тоа што секој еден од нас е важен. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има илјадници проекти, буквално за секого, за земјоделците, за наставниците и професорите, за спортистите и културните работници, секој еден да живее подобро, тоа е првиот и основен принцип кој ќе го применува ВМРО-ДПМНЕ после 15 јули, нагласи Јанушев.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повисоки плати за 25%, повисоки пензии за 20%, ќе ја намали невработеноста во Македонија под 10%, ќе реконструира повеќе од 1000 километри патишта и се обврзува на 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп за земјоделците.
Јанушев за крај посочи за сето тоа да се оствари потребна е масовност на 15 јули, да се пратат СДСМ и Заев во политичката историја и да започне обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ