На донаторската конференција за Ковид-19 собрани повеќе од 6 милијарди евра

Втората меѓународна донаторска конференција за борба против новиот коронавирус, свикана од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, собра 6,15 милијарди евра од ЕУ, САД и голем број на земји, при што многу учесници истакнуваа како идната вакцина мора да биде достапна за сите.

Комисијата, заедно со Европската инвестициска банка, вети 4,9 милијарди евра за борба против Ковид-19, Германија 383 милиони евра, САД 545 милиони долари, Канада 219 милиони долари и Катар 10 милиони долари. На самитот присуствуваа 40 влади.

Собраните пари ќе бидат искористени за тестирање, лекувања, развој и производство на вакцина за Ковид-19 и за помош на најсиромашните и најмаргинализираните заедници.

Конференцијата, што се одржа како дел од заедничката иницијатива на Европската комисија и организаијата Global Citizen, организираше и хуманитарен концерт на Мајли Сајрус, Џастин Бибер, Шакира, Клое Екс Хејл, Ушер и други кои беа пренесувани од телевизиите на глобално ниво.

Претседателот на Комисијата, Урсула фон дер Лејен рече дека е од клучно значење да добие вакцина секој што има потреба.

-Се обидувам да ги убедам најбогатите земји да резервираат вакцини не само за себе, туку и за земјите со ниски и средни приходи. Тоа е тест на солидарност, рече таа.

Британскиот премиер Борис Џонсон се согласи.

-Ако и кога се најде ефективна вакцина, ние и светските лидери имаме морална обврска да гарантираме дека таа навистина ќе биде достапна за сите, рече тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон силно ја истакна потребата за заедничко дејствување.

-Да го отфрлиме пристапот„ секој за себе“ и да продолжиме заедно, рече тој.

ЕУ се залага за глобална соработка во обидите да ја стават пандемијата под контрола и контрола, за разлика од САД и Кина, кои се фокусираат на националните иницијативи.

Треба да знаете
Последни објави