Управител на фирма за превоз на работници на 28 јуни во СВР Битола пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека истите ќе бидат активирани.
Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи.
Во врска со случајот во СВР Битола бил приведен 43-годишник од ресенското село Болно, поради основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.