Изборната единица 5 е буквално нашата држава во мало и од аспект на проблеми и од аспект на убавини, и од аспект на етнички, и од аспект на јазички религиозен состав и заради тоа втора пат ми претставува предизвик да зборувам, да се залагам и да се борам за интересите на овие граѓани.
Нашиот фокус и во ИЕ5 ќе биде да дадеме поддршка сериозна на економијата особено на домашните претпријатија како што тоа го правевме изминатите 2,5 години, да продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, очекуваме ден од главните правци Кичево -Охрид да биде готов на крајот на 2021-ва, но предвидуваме дополнителни патишта и експресни патишта. И трето, многу ни е важно во овој регион да инвестираме сериозно во здравство, јавното здравство кој сега со Ковид кризата ни покажа колку е важно.
Затоа сериозни веќе проекти почнавме во неколку општини и тие инвестиции веќе се гледаат. Регионот од петка е капацитет за државата и во поглед на развој на туризмот, меѓутоа ако сакаме да развиваме нов модерен тип на туризам ни требаат и овие инвестиции во инфраструктурата, и поддршка на домашните компании, но да водиме сметка и за екологијата и за животната средина.
Изборната единица 5 е единствената ИЕ во која што функционираат три Национални парка, и нашата сериозна заложба ќе ни биде да ја продолжиме инвестицијата во ваков туризам, и да ја продолжиме инвестицијата се разбира во поддршка на домашните капацитети.
Само во период на Ковид кризата поддржавме 4.500 фирми во овој регион, подржавме околу 60 илјади граѓани со кредитни картички, со парите кон граѓаните и во ИЕ5 очекуваме навистина да се решат суштинските проблеми