„Блек лајвс медр“: Расизмот постои само поради капитализмот

Протестите на „Блек лајвс медр“ тргнаа во нов правец во текот на викендот во Лондон додека активистите на БЛМ и ЛГБТК повикуваа на крај на капиталистичкиот систем и укинување на полицијата, пренесува „Брејтбарт“.

Во саботата, стотици левичарски активисти излегоа на улиците на британската престолнина и покрај законската забрана за вакви собири според прописите за коронавирус. Демонстрантите извикуваа пароли како „Велика Британија не е невина“ и „Излезете на улиците и заебете ја полицијата, нема правда, нема мир“.

Еден радикален демонстрант тврдеше дека расизмот постои само поради капитализмот и затоа црнечката заедница треба да им ги прекине средствата, треба да постави поголем предизвик, да престане да ги плаќа даноците, да престане да оди на работа, додавајќи: „Ако можеме да се бориме за климата, можеме да штрајкуваме и за црнечките животи. Деновиве ја гледам полицијата, тие не се тука за да ги заштитат луѓето … тие се тука за да ги заштитат зградите и статуите“.

Протестот на БЛМ ја доби поддршката од најмладата пратеничка, Надја Витом, 23-годишна пратеничка на Лабуристичката партија за Нотингем Ист,која на социјалните мрежи напиша:

„Илјадници денеска маршираа за #BlackTransLivesMatter покрај парламент кој моментно има нула транс пратеници и ги еродира транс правата кога мора под итно да ги прошириме. Ова ќе се промени“.

Друг маскирана демонстрантка, која тврди дека ја претставува активистичката организација „Правда за црнечките животи“, рече:

„Британија треба да знае како и зошто е расистичка денес“.

Таа рече дека нејзината организација бара прекин на финансирањето и укинување на полицијата во Велика Британија, додавајќи: „Без разлика дали сме виновни или не, не треба да завршиме во кафези, ни треба рехабилитација“.

Треба да знаете
Последни објави