Петар Богојески, претседателот на политичката партија „Македонски концепт“ во вечерашното гостување во „Само Вистина“ на ТВ Канал 5 потенцираше дека сите политичари на овие избори кои ветуваат враќање на името и поништување на Преспанскиот договор ги лажат граѓаните.
„Никој нема да го врати името дури тоа е и штетно за македонските национални интереси во овој момент, се додека не се евалоризира загубата, а тоа е полноправно членство во ЕУ и да застанеме на исто рамниште со соседите.
Сите политичари кои го ветуваат тоа не ја кажуваат вистината и манипулираат со патриотските чувства на граѓаните со цел да дојдат до власт“, посочи Богојески.