Брачна двојка им се заканувала со огнено оружје на група демонстранти кои марширале низ нивната елитна населба во близина на Сент Луис на пат кон домот на градоначалничката Лида Крусон, пренесува „Њујорк тајмс“.
Сопственикот на куќата стоел босоног на тремот во ренесансен стил во населбата Централ Вест Енд со полуавтоматско оружје во рацете, а неговата сопруга нишанела со пиштол кон собирот. Двојката е идентификувана како Марк и Патриша Меклоски.
Двојката се соочила со групата од околу 300 демонстранти откако тие урнале една порта во соседството.
A couple has come out of their house and is pointing guns at protesters in their neighborhood #StLouis #lydakrewson pic.twitter.com/ZJ8a553PAU
— Daniel Shular (@xshularx) June 29, 2020
Видеото објавено на Твитер покажа дека жената го насочува огненото оружје кон демонстрантите на минување и извикува. Еден демонстрант облечен во маица на која пишува: „Рацете горе, не пукајте“, потоа ги повикува учесниците да се преселат на улицата во обид да ја разрешат ситуацијата.
Демонстрантите отишле кон домот на градоначалничката Крусон за да побараат нејзина оставка откако таа објави имиња и адреси на жители кои предложиле да се запре финансирањето на полицискиот оддел, се вели во извештајот.
https://twitter.com/averyrisch/status/1277398535973949440
Домот на заштитнички настрпената двојка бил претставен во списанието „Сент Луис“ во август 2018 година, откако завршиле со големото реновирање.
„Стаклото во прозорците е од приемната сала на вториот кат во Палацо Даванзати од 14 век во Фиренца, а ролетните, барем кованото железо, веројатно се оригинални“, изјавил парот за списанието.