Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, ја критукува Баварија за најавеното масовно тестирање за коронавирус

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја критикуваше Баварија за најавата дека ќе биде првата германска покраина која ќе ги тестира сите жители.

Министерот ова го смета за „лажно прикажување на безбедноста”.

Шпан истакна дека тој е за тестирање, но е за целно, наменско тестирање.

„Тестирањето на многу луѓе звучи добро, но без систематско дејствување не е целисходно”, напиша тој на Твитер.

Министерот посочи дека ова предизвикува само „лажна безбедност” и го зголемува ризикот од лажни позитивни резултати и претставува оптоварување на капацитетите за тестирање.

Баварија соопшти дека, како прва германска покраина, ќе обезбеди тестирање од коронавирусот за сите граѓани, како и по барање на оние кои немаат симптоми и немаат особено висок ризик од инфекција.

Покраината воедно и ќе ги преземе трошоците за тестирање.

„Тест, тест, тест – но со цел”, подвлече Шпан на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави