Денес сме членка на НАТО.Се бориме за Европа за да имаме поквалитетен живот. Додадовме придавка на името,сега сме Северна Македонија, но признати сме од целиот свет, гарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на нашата земја. За ова се бореа во НОБ, Илинденците исто… Секаде бевме ФИРОМ. Децата ни се враќаа понижени од спортски или музички натпревари во странство.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на предизборната трибина во Гевгелија.
Тој го објасни значењето на членството во НАТО, дека носи мир и стабилност. „Никој нема веќе да се осуди да ја дели, парчоса или нападне нашата држава. Сега имаме држава во која живее македонски народ со македонски јазик. Тоа ги изјавија и грчките авторитети, исто како и бугарските. Имаме кирилично писмо. За тоа паѓаа животи во минатото. Ги исполнивме мисијата и аманетот на нашите предци. Затоа очекувам наородот да одлучи дали ќе продолжиме по тој пат, по патот кон Европа или ќе се вратиме кон криминалот, корупцијата и режимот.“- ги повика Заев гевгеличани на 15 јули да го заокружат бројот 3.