“Во брзата трансформација што следува, нудиме рамномерен развој и еднакви можности, услови и шанси за секој граѓанин”, рече Сања Лукаревска, носителка на листата на ИЕ2, при посетата во општина Арачиново.
“Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, во подобри услови за граѓаните. Ќе ги покачиме пензиите, најниските дури за 21 % најмалку до крајот на мандатот. Секој родител сака децата да растат и да живеат покрај него. Се обврзуваме дека ќе продолжиме да создаваме услови и амбиент во кој младите луѓе ќе се охрабрат да отворат свој бизнис кој ќе го градат и развиваат”
“”Можеме” е понуда за нова развојна домашна економија, каде го поттикнуваме домашното производство и купувањето на домашни производи”, рече Лукаревска.
“Ние сите заедно градиме иднина и се грижиме за секој граѓанин, за секое едно населено место”, рече Лукаревска.
Таа рече дека арачиновци ја препознаваат разликата, зошто знаат дека во Арачиново со години беше заборавено и во 21 век имаа проблем со канализација.
“Денес во тек е изградбата на канализационен систем долг над 10 километри и инвестираме 106 милиони денари”, рече Лукаревска.
Инвестициите во градинки, патишта и болници ќе продолжат и во следниот мандат, рече Лукаревска. Во програмата “Можеме” се решенијата за напредок на државата.