(Не)може да се влезе Хрватска

Збунети се граѓаните на Босна и Херцеговина што може, а што не може пред да тргнат на пат за Неум и притоа да направат транзит низ дел од хрватската територија. Граничната полиција на БиХ утрово соопштила дека има информација од своите хрватски колеги  дека од  7 часот отворени се два ганични премини за транзит кон Неум. Но, од Министерството на надворешни работи на БиХ во изјава за боснаските медиуми потврдуваат дека информацијата не е вистинита.

-Ако е така тогаш граничната полиција нека издаде официјално соопштение за нашите граѓани да не мораат откако ќе пристигнат  на прелазите да се враќаат и да бидат изложени на тормозоња – порачуваат од МВР на БиХ.

Што се однесува во реципроцитетните мерки се нагласува дека и БиХ би можела да воведе изолација за граѓаните на Хрватска, Србија и Црна Гора, по одлуката на Советото на министирите која во моментов е на сила и им овозможува на државјаните од овие земји непречено да влегуваат во БиХ.

-Министерствата на двете земји се во постојан контакт и се надеваме дека ќе се изнајде решение да се надминат сите недоразбирања на обострано задоволство во духот на добрососедските односи – порачувата од МНР на БиХ.

 

Треба да знаете
Последни објави