Поранешниот сопственик на „Агрокор” Ивица Тодориќ денеска одби да се изјасни по обвинението, кое го товари него и неколку негови соработници дека ја оштетила компанијата за повеќе од 1,2 милиони евра.
– Не сакам да се изјаснам за оваа глупост, рекол Тодориќ, пренесува загрепскиот портал Телеграм.
Во овој случај, обвинети се и поранешните менаџери на „Агрокор” Анте Хуљев и Пирушка Цањуга, како и швајцарската државјанка Никол Де Роси. Сите денеска се изјаснија дека не се виновни.
По рочиштето, Тодориќ им рече на новинарите дека Агрокор била приватна компанија во која сите биле задоволни.
– Јас не се бранам и нема да се бранам, но ве уверувам дека ова е срамно, оцени Тодориќ.
Обвинението го товари Тодориќ, дека заедно со соработниците „испумпале” од „Агрокор” 1,2 милиони евра , односно дека парите завршиле на сметката на швајцарската компанија „Сигман Инвест АГ”.
Истрагата против Тодориќ и 14 други лица осомничени за оштетување на „Агрокор” е почна во октомври 2017 година