Еден од водечките американски експерти во борбата против коронавирусот, Ентони Фаучи, изјави дека ќе биде задоволен од вакцина што ќе биде од 70 до 75 проценти ефикасна, но предупреди дека таа нема да биде целосна заштита, особено поради фактот дека многу Американци не сакаат да се вакцинираат.
Затоа, вели тој, малку е веројатно дека САД ќе стекнат доволно имунитет за да ја сузбијат епидемијата.
Фаучи додаде дека вакцината со ефикасност од 70 до 75 проценти не може да обезбеди „имунитет на стадо”.
Тој посочи дека меѓу аларманто голем број луѓе постои „генерално расположение против науката, владата и вакцината” и додаде дека американската Влада почнува програма за едукација за вакцините како одговор на антиваксерските пораки.
-Програмата ќе опфати голем дел од општеството. Луѓето можеби не сакаат тоа да им го кажуваат лица во костуми, побрзани со владата, како мене, на пример,иако јас, сепак, тоа ќе им кажам. Тие во програмата треба да видат лица на кои можат да се потпрат во заедницата – спортисти, локални херои, луѓе што можат да ги имитираат , појасни Фаучи за Си-Ен-Ен.