Шахпаска пред граѓаните во Свети Николе посочи дека Социјалдемократскиот сојуз се разликува од ДПМНЕ особено во сферата на родовата еднаквост. СДСМ со воспоставувањето на двојни носители на изборните листи покажа дека жените имаат еднаква позиција во општеството.
-Се залагаме за еднаква одговорност и плати за жените кои имаат исти професионални профили и работат на исти позиции како мажите.-истакна Шахпаска.
-„Во изминатиот период покажавме дека ги враќаме парите кај граѓаните и вложуваме во човечкиот капитал. Во здравството,вработивме повеќе од 780 доктори и 1000 медицински сестри. И не само тоа, ги зголемивме и нивните плати, па така денес доктор специјалист заработува 80 -160 000 денари, што воедно не само што значи исполнување на ветеното од 100.000 денари , туку и надминување на истото. Денес докторите специјалисти земаат за 40 % повисока плата, општите лекари за 20 % , медицинските сестри за 23 , и другиот медицински персонал за 15 %.” –истакна Шахпаска.
Таа зборуваше и за зголемувањето на капитациониот бод, укинувањето на квотите за лекови ,но и проширување на позитивната листа на лекови и лекови кои се безбедни и сигурни за граѓаните, а не како претходно со сомнително потекло ,во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Шахпаска пред граѓаните во Свети Николе посочи дека трендот на раст на плати во здравството ќе продолжи да расте. Предвидено е 10% раст на платите секоја година. Но, исто така ќе продолжи вложувањето и во инфраструктурата на здравствениот сектор. Скопје ќе добие нов клинички центар, но ќе се инвестира и во сите единици на интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, рентген машини и сите останати потребни апарати за врвна здравствена заштита.
Покрај здравството Шахпаска се осврна и на социјалните политики и грижата за сите граѓани. Таа како успешни мерки кои извлекуваат од сиромаштија и се грижа за најранливите ги посочи, зголемената за 300% социјална помош и зголемувањето на нејзиниот опфат ,но и образовниот и детски додаток, социјалната пензија од 6000 денари за лицата кои не исполнуваат услови за пензија и решавањето на статусот на 12 000 стечајци кои денес земаат по 8000 денари месечно. Во однос на лицата со попреченост таа посочи дека до крајот на следниот мандат нема да постои институција која нема да биде достапна за нив, но и посочи дека средствата кој ги добиваат овие лица ќе бидат зголемени за уште 15 % до крајот на оваа година.
Таа сосема на крајот ги повика граѓаните да излезат на 15 јули, на безбедни и сигурни избори почитувајчи ги сите заштитни протоколи.
Затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе и подобро!