Студија со мал обем која италијански истражувачи ја спровеле во една болница во Милано, покажа дека кај пациентите кои биле тестирани за коронавирусот во мај, имало помала количина на честички на вирусот од оние тестирани еден месец претходно.
Во теориите кои истражувачите ги понудиле како објаснување за пониското ниво на таканареченото вирусно оптоварување вклучува и онаа според која изложеноста на пациентите на вирусот може да се намали со мерки за изолација, но студијата не содржи докази за поддршка на оваа теза.
Врз основа на анализа на 200 брисеви, од кои едната половина е земена од пациенти лекувани во април, а другата во мај, истражувачите заклучија дека симптомите во првата група на пациенти биле потешки и оти на повисок процент пациенти им била неопходна хоспитализација и интензивна нега.
Вирусното оптоварување било слично и кај мажите и кај жените, но поизразено кај пациенти на возраст од 60 години и постари, како и кај оние со тешки форми на СОВИД-19, и иако теоретски е можно вирусот да мутирал, молекуларните податоци не содржат доказ за тоа.
Другите можни објаснувања за пониското вирусно оптоварување во мај вклучуваат поголемо масовно спроведување на физичко растојание и други превентивни, како и хигиенски мерки, повисока температура на воздухот и помал степен на загадување на воздухот, тврдат авторите на студијата.