Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица, Антонијо Милошоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, дознава „360 степени“.
Според информациите на порталот, тој е примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов е стабилна.
Пред 4 дена мајката на Милошоски, која е медицинска сестра, објави дека е позитивна на ковид-19, а тој посочи дека поради контакт со неа му е одредена изолација до 6 јули до кога треба да направи два теста.
Нема информација дали и кога Милошоски се тестирал за новиот коронавирус.