Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане веќе постигнал договор со Баерн (Минхен), пренесува „Билд”.
Надоместокот за трансфер ќе биде околу 50 милиони евра. Фудбалерот ќе потпише петгодишен договор.
Дваесет и четири-годишниот Германец претрпе тешка повреда во првиот натпревар од тековната сезона во Англија. Ова се случи на натпреварот за Суперкупот против Ливерпул.
Сане се појави на теренот во средбата со Барнли на 22 јуни.