Убедлива победа на Манчестер Ј. на гостувањето кај Брајтон во мечот од 32. коло на Премиер лигата од 3:0, со која „црвените ѓаволи“ остануваат во тесна битка за место во ТОП 4 на табелата.
Младиот Гринвуд со убав погодок ги донесе гостите во водство од 1:0 уште во 16. минута, по што следуваа два гола на новата ѕвезда во тимот, Бруно Фернандеш во 29. и 50. минута со што и дефинитивно беа решени сите дилеми на мечот.