Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се појави на предизборен собир, во шестата ИЕ, со маска и ракавици. Она што го забележа јавноста е дека тој, иако ги почитува протоколите за заштита и со ракавици се ракуваше со речиси сите присутни, но веснаш потоа, со истите ракавици скина и си касна од лепчето што локалните жители му го понудија за добредојде.
https://www.facebook.com/seir2017/videos/733744377455670/?t=28
Вакви сцени може да се забележат на видеоснимка што е објавена на Фејсбук од средбата на Мицкоски со граѓани. На видеото се забележува дека, во придружба на Мицкоски, е Дафина Стојаноска, носителка на листата на ВМРО-ДПМНЕ во „шестката“.