Дваесетина припадници на МВР штотуку го започнаа увидот во ГОБ „8 Септември“, каде попладнево група на мажи, за кои постојат сомневања дека еден бил вооружен влегле во Ургентниот центар и упатиле серија закани кон докторка, која била на дежурство.

Од МВР велат дека лицата се приведени за распит во полицика станица.
Пред болницата во моментов екипи на МВР вршат увид, додека група граѓани се собрани пред болницата која е ковид центар за Македонија.



