Поради непочитувањето на здравствените протоколи и мерките, организирана плажа и три барови на плажа во близина на Атина се затворени во последните 15 дена, а изречена им е и парична казна, јави дописничката на МИА на Атина.
Плажата била казнета со 7.000 евра поради поголемиот број посетители од дозволеното.
Според здравствените протоколи, плажите треба да работат со ограничен број лица, а во моментот кога надлежните вршеле контрола, на плажата имало 237 лица, наместо 220 колку што е дозволено согласно со површината и големината на просторот.
Надлежните тврдат дека тие ги почитувале мерките и во дозволениот број на посетители, но на самата плажа постојат делови преку кои може да се влезе и да се избегне централниот влез, па затоа од општината, во чија надлежност е организираната плажа, доставиле приговор за изречената казна.
Дополнително, со 5.000 евра се казнети и три барови на плажа во истата населба, поради тоа што не било запазено потребното растојание меѓу лежалките.