Ким Кардашијан го прослави својот нов статус на милијардерка на рандеву со сопругот Каније Вест, објавија таблоидите во понеделникот, додавајќи дека „таа не се потруди да стави маска“.
39-годишната реалити-кралица веројатно била во славеничко расположение откако стана милијардерка и ја надмина сестрата Кајли, според нов извештај цитиран од „Дејли мејл“.
Ким потпиша договор со компанијата Коти инк. (Coty Inc) за преземање на 20% од нејзината империја за убавина KKW за 200 милиони долари. Договорот е за „долгорочно стратешко партнерство за лансирање производи во нови категории за убавина и експанзија низ целиот свет“, пренесува весникот.
Ким е фотографирана на излезот на елитниот суши ресторан „Нобу“ во Малибу со сопругот Каније, кој исто така беше прогласен за милијардер претходно оваа година со богатство проценето на 1.3 милијарди долари.
Ова е првпат sвездата на ријалити-шоуто Keeping Up With The Kardashians и славниот рапер да се појават во јавност откако почнаа да се самоизолираат во март.
Двајцата излегоа од ресторанот и се сместија во Ламборџинито на Каније со Ким на возачкото место.