Општина Кисела Вода со цел да ги запознае граѓаните со дел од нејзиното минато, изработи краток документарец: Лична карта на општина Кисела Вода. Во него се зборува за убавите цркви и манастири, за излетничките места, за занаетите, за познатите фамилии, а и за тоа како се одвивал животот на жителите.
Општина Кисела Вода ги уверува граѓаните дека доколку одвојат време за документарецот, ќе научат нешто повеќе.
Воедно, Општината упатува голема благодарност до сите учесници во документарниот филм.
https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda/videos/3354110594813074/