Австрискиот канелар Себастијан Курц оцени дека повеќедневните судири помеѓу Турците и Курдите на улиците на Виена е последица на неуспешната интеграција и одговор на тоа е рестриктивна политика за имиграција и азил.
Тоа се конфликти што се внесени од Турција во Виена и за тоа нема место кај нас, изјави Курц во интервју за телевизијата „Пулс4″.
Тој потсети дека пред неколку години во Виена постоеле делови во кои жителите не се чувствуваат како во своја куќа и дека поради тоа бил критикуван, а изминатите инциденти покажуваат дека бил во право.
Мораме одлучно да дејствуваме и му наложив на министерот за внатрешни работи да води политика на нулта толеранција, кој сака насилно да се однесува на улица тоа може да го прави во Турција, не овде, наведе Курц.
Австрискиот канцелар оцени дека предолго грешел во политиката на интеграција и дека не се случајност инцидентите во 10. Виенска општина Фаворитен, бидејќи таму живеат голем број луѓе со турско потекло.
– Успехот на интеграциите зависи од бројот на луѓе кои треба да се интегрираат, истакна Курц при тоа повторувајќи дека е против неограничена имиграција.