Скопјанка и нејзиниот син се приведени вчера, откако и двајцата агресивно се однесувале кон полицијата и го нарушиле јавниот ред и мир, информирше МВР.
-На 29.06.2020 во периодот од 03.50 часот до 06.10 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од ПС Карпош ги привеле С.Л.(22) и Л.Н.Е.(45), двајцата од Скопје, бидејќи Во 03.50 часот на крстосницата од булеварот Партизански одреди со улицата Бледски договор, С.Л.(22) кој бил во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници. Тој бил приведен во ПС Карпош, каде во 06.10 часот дошла Л.Н.Е.(45) која го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син ,кој бил претходно приведен, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок