Поради „небезбедност на нивната работа” над 1.000 здравствени работници синоќа излегоа на протест во шпанската престолнина Мадрид, пренесоа светските агенции.
Незадоволните здравствени работници од шпанскиите власти побараа повеќе опрема за болниците.
За време на протестот беа почитувани сите мерки на заштита од коронавирус.
Повеќе од 52.000 здравствени шпански работници во овие три месеци на пандемијата се заразија со коронавирус.