Циндриќ и Андерсен го минаа Лазаров на листата со најдобро платени играчи во Барселона

Македонскиот ракометен интеранционалец Кирил Лазаров (40 г.) кој е на залезот од својата активна играчка кариера ќе биде запаметен како еден од најплатените играчи кои во последната декада настапувале за трофејниот шпански првак Барселона. Капитенот на македонската репрезентација Лазаров кој сезонава настапуваше за францускиот Нант, боите на шпанската Барселона ги бранеше од 2013 до 2017 година.

Според тамошните медиуми кога Лазаров пристигнал во каталнскиот тим заработувал месечна плата од околу 10.000 евра, за на крајот од договорот да стане најплатениот играч на Барса.

Сега на лидерската позиција според примањата во Барселона се поранешниот играч на Вардар, кој преку полскиот Кјелце пристигна во Барселона, Хрватот Лука Циндриќ и данскиот интеранционалец Ласе Андерсен кој е на излезната врата од клубот, со месечна заработувачка од по 25.000 евра.

 

Треба да знаете
Последни објави