ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски го интересираат само личните бизниси и бизнисите на неговиот шеф Заев

Соопштение до јавноста реакција на изјавата на Оливер Спасовски

 

Кога Спасовски зборува за бизнис, тој мисли за рекетирање милиони за кои има сведоштво дека завршиле кај Заев. Кога СДСМ и Оливер Спасовски говорат за економија, стопанство и бизнис, првиот синоним на јавноста е рекетот кој тие го штитеа, милионите евра во торби и снопчиња со пари кои ноншалантно нивните функционери ги земаат. И не само што го штитеа, туку постојат сведоштва дека таквите изрекетирани пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви.

Оливер Спасовски треба да одговори што знае за матните бизниси помеѓу контроверзниот бизнисмен Дака и неговиот лидер Зоран Заев, за што постои сведоштво од Дака дека се дадени 300 илјади евра мито?

Оливер Спаосвки треба да одговори колку бизнисмени во Македонија платиле торби со милиони евра рекет и дали како министер за внатрешни работи ги штител изрекетираните бизнисмени или рекетарите?

Бидејќи Спасовски бил очигледно близок и му верува на Бојан Јовановски зошто ја игнорира неговата изјава дека изрекетираните пари не ги бара кај Зоран и Вице Заеви?

Очигледно Зоран Заев и Спасовски се дел од истата група која ја уништи македонската економија и ги осиромашуваше граѓаните и стопанството.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

Треба да знаете
Последни објави