ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да каже колку пензии и социјална помош имаше во торбите изрекетирани пари

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Мила Царовска

 

СДСМ и Царовска се обидуваат да манипулираат со пензионерите. Токму тие го укинаа еден од параметрите за раст на пензиите, а тоа беше порастот на просечната плата, со што ги оштетија нивните буџети во просек  100 евра за една година.

Дополнително јавноста уште чека одговор од Царовска за обвинувањата кои ги кажуваше помпезно пред неколку години дека Пензискиот фонд е оштетен за 19 милиони евра. Ако некој крадел тогаш Царовска е виновна зошто молчи сега, а ако никој не крадел тогаш Царовска треба да се извини за помпезните лаги кои ги кажуваше.

Патем Царовска и СДСМ покрај овие одговори треба да кажат колку социјална помош и пензии имаше во рекетираните пари во торбите кои според сведоштвата завршувале кај Зоран и Вице Заев. Затоа велиме дека Царовска е лицемерна.

ВМРО-ДПМНЕ по формирањето на владата ќе отпочне со спроведување на тоа што го ветува на граѓаните, а тоа е повисоки пензии за 20%, повисоки плати за 25% и намалување на невработеноста под 10% до крајот на мандатот. Така ќе покажеме дека вистински се грижиме за стандардот на граѓаните, а не декларативно како тоа што го прават СДСМ и Мила Царовска.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

Треба да знаете
Последни објави