Словенечката Влада одлучи да врати дел од рестрикциите за граѓаните откако секојдневно почнаа да се регистрираат новозаразени со коронавирусот. Портпаролот на Владата, Јелко Кацин, на редовната прес-конференција кажа дека од денес повторно е забрането собирањето во групи на повеќе од 50 лица, а целта е да се спречи ширењето на заразата.
Според Кацин, сепак, останува можност да се соберат од 500 луѓе доколку се работи за организиран настан, но тоа може да се прави само со специјална дозвола што ќе ја издава Националниот институт за јавно здравје.
Организаторите на настаните се должни да овозможат физичка оддалеченост меѓу луѓето препорачана од институтот. Дополнително мораат да обезбедат и редарска служба која ќе треба да осигури почитување на сите мерки.