Малата општина Мондрагон, на југот на Италија во близина на градот Казерта, во последниве денови беше во центарот на вниманието како ново жариште корона -19, меѓу странските работници кои живеат и работат таму.
Револтот на странските работници против карантинот ескалираше во конфликт помеѓу локалното население и странците, а Италијанците ги обвинија странски работници, претежно Бугари, за ширење инфекција и криминал.
Но весникот „Авенира“ пишува дека жртви на криминал во тој град се странците, затоа што полицијата открила и извела пред лицето на правдата група Италијанци кои сексуално експлоатирале малолетни мигранти без родителска придружба.
Во пресудата, судијата наведува, како што пишува весникот, дека сексот со деца го плаќале по 5 или 10 евра, со пијалаци, цигари или дополнување на мобилен телефон.
Децата кои биле сексуално експлоатирани се малолетни мигранти, кои дошле во Италија без нивните родители и се со бугарско, египетско и албанско потекло.
Според „Авенира“, 62 страници од пресудата се како од хорор-филмови. Осудените Италијанци покажале суровост, ароганција, убедување дека се супериорни, неказнивост и тотален недостаток на сочувство за страдањето на малолетни лица во меѓусебните разговори, кои ги снимила полицијата.